Дваесеттиот ден од годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“ резервиран за настапот на дуото „Австрија“ во состав Тимна Брауер на гитара и вокал и Елијас Меири на клавијатури, перкусии, мелодика и пратечки вокал
Со прогласување на најдобрите учесници на фестивалот и со концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ кој ќе се одржи во археолошкиот локалитет Хераклеа, вечер во Битола завршува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“
Во рамки на фестивалот „Илиденски денови“ синоќа во Битола, Ансамблот „Македонија“ од Скопје приреди ретка ревија на македонски народни носии од повеќе етнографски целини
Четириесеттото „Скопско лето“ завршува вечер со вокално-инструментален концерт „70 лета“ на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, кој годинава одбележува седум децении постоење. Концертот ќе се одржи на плоштадот „Карпошово востание“ со почеток во 20.30 часот
Bо Музејот на современата уметност вечер во 19.30 часот ќе се одржи отворена дискусија на тема „Женски простори”, како дел од проектот „Родови перцепции“, која ќе обедини претставнички на неколку организации кои континуирано работат на вклучувањето на жените во уметноста и културата
Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во својот кабинет оствари средба со иранскиот амбасадор во земјава, Хусеин Карими, на која разговараа за досегашната и за идната соработка во областа на културата меѓу Северна Македонија и Иран
Во петок истекува рокот за доставување фотографии од Крива Паланка и околината за учество на наградниот конкурс во организација на Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“
Министерот за култура Хусни Исмаили оствари работна средба со градоначалниците на општините Липково, Боговиње, Врапчиште, Битола, Крушево и претставник од Градот Скопје, на која се разговараше за одобрените средства за капитални дотации во областа на културата во 2019 година
Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва нуди несекојдневно доживување преку концертот на светски познатата оперска дива, сопранот Инва Мула од Албанија
Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на постери „Им постер“ на уметница и графичка дизајнерка Маријана Иванова од Виница, која работи во Бугарија