Советот на Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ) од Министерството за култура бара ревизија на спроведената нивелација на платите со вклучување нивни претставници, итно усвојување на новиот Закон за остварување на јавниот интерес во културата и потпишување колективен договор до 30 септември кој ќе почне да се спроведува од 1 јануари 2020 година.
До 25 август е отворен Конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ востановена во чест на творештвото на Анте Поповски, која се доделува за необјавена поетска книга на македонски јазик
Ликовна колонија од меѓународен карактер со учество на 13 уметници, почнува вечерва во манастирот „Свети Ѓорѓи” во Неготино
„Читај каде и да одиш“ е мотото на годинашното издание на Летниот фестивал на книгата кој Издавачкиот центар „Три“ го организира секоја година во своите книжарници
Новиот филм на словенечкиот режисер Дамјан Козоле „Полусестра“, во кој македонската продукција „Сестри и брат Митевски“ е малцински копродуцент, на 2 јули ќе има светска премиера во главната селекција на Филмскиот фестивал во Карлови Вари
Концертот на италијанскиот бенд „Калашима“ вечер од 21 часот ќе се одржи во кино „Фросина“ наместо во Сули ан поради најава за дожд, соопшти „Скопско лето“
Краткиот филм „Скаут“ во режија на Алекс Цветков е избран во натпреварувачката програма на 23. фестивал за краткометражен филм „Л.А. Шортс“ што ќе се одржува од 17 до 25 јули во Лос Анџелес, соопшти Агенцијата за филм
Во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“ денеска во Скопје, во организација на издавачката куќа „Готен“ ќе се одржи разговор со писателите Жарко Кујунџиски, Петар Андоновски, Живко Грозданоски и Илија Ѓуровиќ.
КУД „Дримкол“ од Вевчани ги презентираше македонскиот фолклор и традиција пред публиката во албанскот град Пермет, каде по 17-ти пат, од 21 до 23 јуни, се одржува меѓународниот фолклорен фестивал „Мултикултурен Пермет 2019“
По јубилеен 10-ти пат синоќа во ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани беше отворена традиционалната Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“