“Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот. Најпрво за одличните резултати од француската и швајцарската кино-дистрибуција. Проследен со одлични критики и оцени од публиката Во Франција, филмот досега го видоа 32,000 луѓе и Петрунија влегува во неверојатна седма недела на дистрибуција и ќе се прикажува во 56 кино сали
Македонскиот народен театар со претставата „Галеб“ од А.П. Чехов, во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на 27. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Варненско лето“ во Варна на 11 јуни и на 13. издание на платформата „Светскиот театар во Софија“ на 13 јуни во Софија, Бугарија
Богата фестивалска прогама нуди и денешниот четврти ден на 54. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што се одржува од 7 до 15 јуни во Прилеп
Во Битола изминатиов викенд се одржа првиот фестивал за кларинети „Кларифест – Битола 2019“, кој се состоеше од концерти и семинари за кларинет
Деветтиот Филозофски Филмски Фестивал (ФФФ) вечер и утре ќе заврши со sпецијалните проекции на филмовите добитници на „Златен був“ од жирито и публиката во селекцијата на долгометражни филмови
Младите пијанисти од Крива Паланка, седумгодишниот Матеј Георгиевски и петгодишната Меглена Георгиевска ја освоија специјалната, прва награда со 100 поени и ја понесоа титулата лауреати во нивната категорија на меѓународниот натпревар во пијано „Пијанофест 2019″
Раководството на Македонско научно друштво (МНД)-Битола, членови на управниот, надзорниот одбор и уредувачкиот совет, подарија книги на, како што ја нарекуваат, најмалата библиотека во светот, библиотеката „АЛБИ”, сместена во импозантна куќа двокатница во демирхисарското село Бабино
Седумдесет и седум ракописи пристигнале на Конкурсот за новата книжевна награда за најдобар необјавен роман на годината „Пегаз“, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“
Во организација на Македонското друштво „Илинден“, а со поддршка на Министерството за култура на Албанија по првпат во Тирана вечерва ќе се одржи „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“
На годинашниов 54. МТФ „Војдан Чернодрински“ што синоќа свечено беше отворен во Прилеп и ќе се одржува до 15 јуни недостасуваа Разговорите на тркалезната маса на критиката, кои се враќаат на фестивалската програма по повеќе од 20 години