Од денеска до 9 јуни во Отешево, Преспа, се одржува 17. Регионална ПЕН-конференција на која, покрај домашни претставници и автори, присуствуваат и писатели од Бугарија, Косово, Словенија, Србија, Романија и Црна Гора
„Охридско лето“ и генералниот спонзор на најзначајната музичко-сценска манифестација во земјата „Македонски телеком“ на 11 овој месецсо почеток од 18:30 часот во катедралната црква „Св. Софија“ организираат работилница на тема „Музиката денес“. Предавач на работилницата ќе биде Џијан Емин, еден од најдобрите македонски музички уметници
Државното училиште за ликовни уметности и дизајн „Лазар Личеноски“ со неколку настани вечер ќе одбележи 75 години постоење
Во хотел „Монтана“ во Крушево вечер од 19 часот ќе се одржи 48. Државен фестивал на непрофесионален филм, за кој годинава пристигнале 56 филма во пет категории, рекордни во споредба со бројот на апликации во претходните години
Со доделување на наградите за животно дело, со концерт на Влатко Стефановски и со првата од осумте претстави во конкуренцијата за наградите „Макбет“ на МНТ вечер во Прилеп започнува 54. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
Проектот „Љубов и одмазда“ („Love and Revenge“) на либанскиот хип-хоп пионер Рејес Бек и визуелната уметница Ранда Мирза и концертот на „Ромпарео“ од Колумбија се предвидени за претпоследниот ден од 18. издание на „Оффест“
Во Салон 19,19 во Културно-информативниот центар вечер од 19.19 часот ќе биде промовирана книгата „Да не бидам покусо” од новинарот Ѕвездан Георгиевски
Драмски театар Скопје ги почна подготовките за премиера на претставата „Плоштад на хероите“ од австрискиот автор Томас Бернхард, во режија на Мирјана Медојевиќ од Љубљана
„Македоника литера“ го објави романот „Обител“ на рускиот писател Захар Прилепин, добитник на неколку книжевни награди, меѓу кои и највисоката руска книжевна награда „Бољшаја книга“
Книгата „Реквием за љубовта“ на битолчанецот Зоран Пејковски преведена е и објавена на полски јазик. Минатата година во Полска книгата е одиграна во театарска претстава и наградена за најдобар драмски текст, а неодамна текстот е публикуван на полски јазик