Во „Кино Култура“ вечер ќе почне осмиот „Скопје Креатива 2019“ – фестивал за промоција и развој на креативните индустрии, годинава под мотото „Зелено Скопје“ симболизирајќи свест за заштита на животната средина.
Како придружна содржина од 56. Драмски аматерски фестивал (ДАФ), во Кочани гостуваа акробатските музичари Филип Тејлор и Гранета Фотиу кои настапија на неколку сцени низ градот.
Мајските оперски вечери традиционално завршуваат на последниот ден од мај со „Аида“, а оваа година популарната опера на Верди е во продукција на театарот „Карло Феличе“ од Џенова, Италија.
Со проекција на „Само еднаш се љуби“, вечер од 20 часот во Кинотеката ќе почне ретроспектива на филмови од Рајко Грлиќ. До вторник публиката ќе може да види уште шест играни и еден документарен филм од познатиот хрватски режисер.
Тој во својот матичен театар ќе настапи по повеќе од две години пауза и ќе игра во претставата „Бесачи“.
Новинарката на ТВ „Тера”, Весна Шеровска е добитничка на наградата за новинарство за 2019 гододина, која редакцијата на „Битолски весник“, веќе 15 години посмртно ја доделува во чест на прерано починатиот новинар на Радио Скопје и дописник од Битола, Тоде Петревски
Со настап на уметници, актери и музичари, во форма на дваесетминутна радиоемисија посветена на културата, во придружната програма на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) во Кочани беше претставена книгата „Радио“ на новинарот Љупчо Јолевски.
Во Кинотеката вечер од 19 часот ќе биде отворена прва самостојна изложба на Иван Серафимов, насловена „Од сон на јаве“, која ќе може да се посети до 2 јуни.
Во книжевниот салон на „Матица македонска“ вечер од 19 часот ќе биде промовиран новиот роман на академик Божин Павловски – „Мемоари на задоцнетиот романтичар“.
Прилеп ќе биде домаќин на првиот театарски фестивал за деца „Силјан Штркот“, што ќе почне во петок и ќе трае до недела