Македонскиот народен театар почна да ја подготовува претставата „Бесачи“ по текст на актуелниот британско-ирски автор Мартин Мекдона, во режија на Јавор Грдев од Бугарија. Премиерата се очекува кон средината на септември
Катрин Финч од Велс која ја сметаат за кралица на харфата и најдобра харфистка на сериозната музика во светот и синегалскиот кора мајстор Секу Кеита в понеделник во МОБ ќе го отворат 18. „ОФФест“, што ќе се одржува до осми јуни.
Заедно со него ќе настапат и македонски уметници – виолинистите Ана Кондратенко и Владимир Костов, Бојан Талески – виола и Александар Котевски – виолончело.
Писателот, новинар и есеист Томислав Османли вечер од 20 часот во киносалата на Музејот на современа уметност ќе одржи предавање насловено „Стрип и ангажман
Во Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” денеска напладне ќе биде отворена изложба-саем „Новите книги на Русија” која ќе може да се посети во наредните три дена.
Националната установа универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”- Битола ја продолжи соработката со библиотекари од Универзитетската библиотека на Стенден Универзитетот (NHL Stenden University of Applied Sciences) од Леуварден (Leeuwarden) од Холандија, воспоставена минатата година.
Охридска банка Сосиете Женерал објави конкурс за млади сликари, преку кој ќе се изберат учесници на ликовната колонија Вевчански видувања, што ќе се одржи во Вевчани од 22 јуни до 6 јули годинава
Овогодинешната “Скопје Креатива 2019“ започнува на 31 мај и затоа што не постои подобар начин да се започне едно фестивалско дружење, ви ја презентираме музичката програма во рамки на фестивалот.
Со пантомима, класична музика и огномет, љубителите на театарот во Кочани синоќа го проследија отворањето на 56. издание на Драмскиот аматерски фестивал.
Во Арт-центар Банќа во Софија вечер од 18.30 часот ќе биде отворена изложбата „Интеграција на идентитети“ од 21 автор од Северна Македонија и Бугарија, која е дел од неколкугодишниот проект „Поврзување“ на нашиот Културно-информативен центар во Софија.