Фолклорната традиција наречена „Ѓура Мара“ која третира вистински настан од турското владеење кој се случил на третиот ден од Велигден, ќе се одржи вечерва во Миравци
Од 9 до 16 мај во Кинотеката ќе се одржува 9. Филозофски филмски фестивал (ФФФ), на кој годинава ќе бидат прикажани 40-ина филма, со гости од земјава и од странство, кои во ревијалниот дел ќе имаат предавања
Во Кинотеката вечер ќе бидат прикажани два филма за браќата Манаки – од 18 часот е документарниот филм „Манаки – приказна во слики“ од 2018 година во режија на Роберт Јанкулоски, кој заедно со Илинденка Петрушева е автор и на сценариото, а од 20 часот – романскиот документарен филм „Студија на случај: Браќа Манаки“ на режисерката Елиза Здру
Насловена „Македонски монолог” деновиве во Москва излезе од печат избор поезиjа од великанот на македонската поезија академик Гане Тодоровски во препев на руски
Филозофското друштво на Македонија (ФДМ) денеска во Кинотека ќе ја презентира програмата на 9. Филозофски филмски фестивал, што ќе се одржи од 9 до 16 мај
Афиримација на современите форми на изразување и креирање уметност, видео арт инсталации, вирутелната реалност, 3Д мапинг, мастер класови кои ќе третираат актуелни теми поврзани со технолошкиот развиток и електронската музика како адекватен и актуелен израз, е целта на првиот фестивалот на дигитални уметности N-H//LON (Енхалон)
Организаторот на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2019“ во Гостивар ги објави имињата на учесниците кои влегоа во финалето
Во чест на Горан Стефановски, денеска напладне, на денот на неговото раѓање, во паркчето спроти Наџак / Идадија во Дебар Маало ќе биде засадено дрво, ќе бидат прикажани негови фотографии, интервјуа, предавања, ќе се слуша неговата најомилена музика, а сите што сакаат ќе може на „отворен микрофон“ да кажат некоја приказна или анегдота поврзана со нашиот познат драмски автор
Штипскиот уметник Боре Минов на 7 мај со 104 негови уметнички дела ќе се претстави на изложба во галеријата „Колорис Ранов“ во швајцарскиот град Клостерс.
Во галеријата Даут-пашин амам е поставена ретроспективна изложба на Костадин Танчев-Динка, професор на Факултетот за ликовни уметности, кој со своето повеќедецениско творештво значајно придонесе во развојот на македонската уметничка сцена