Во чест на Горан Стефановски, на денот на неговото раѓање, 27 април, в сабота напладне во паркчето спроти ресторанот „Наџак“ (Идадија) во Дебар Маало ќе биде засадено дрво, ќе бидат прикажани негови фотографии, интервјуа, предавања, ќе се слуша неговата најомилена музика, а сите што сакаат ќе може на „отворен микрофон“ да кажат некоја приказна или анегдота поврзана со нашиот познат драмски автор.
Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките на современата комедија „Тик-так“ во режија на Синиша Евтимов, која премиерно ќе биде изведена на 16 мај на малата сцена на МНТ.
Утре во 11 часот во просториите на Европскиот Универзитет ќе се одржи промоција на книгата „Заштита на класифицирани информации“ на професорот Александар Нацев, Декан на Факултетот за детективи и криминалистика при ЕУРМ.
Библиотеките во Делчево и Пехчево по повод одбележувањето на Светскиот ден на книгата ги наградија своите најдобри читатели
Ансамблот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ги почна подготовките за претставата „Семејни приказни“ во режија на Милош Б. Андоновски. Сценографијата е на Наташа Вчкова, костимите се на Марта Дуфне Јосифовска, а во претставата играат: Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска Клинческа и Димитар Црцороски
Традиционално, по дваесет и четврти пат во библиотеката „Искра“ во Кочани беше одбележан 23 април – Денот на книгата и на авторското право, при што членови на литературнито клуб „Копнеж“ читаа свои поетски творби посветени на книгата
Со прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите од литературниот конкурс за најдобри поетски творби градската библиотека „Кочо Рацин“ од Тетово го одбележа Светскиот ден на книгата. Речиси илјада пријавени поетски и прозни творби стигнале во тетовската библиотека по повод литературниот конкурс
УНЕСКО ја прогласи 2019-та за меѓународна година на автохтоните јазици со цел да се заштити културата, идентитетот и правата на различностите во светот
Наградуваната писателка Лидија Димковска напиша нова книга насловена „Кога заминав од Карл Либкнехт“ во издание на „Или-или“, кои соопштија дека се работи за одлична збрика со раскази замислена како 27 исповеди на луѓе од различни страни на светот чиј живот на некој начин бил поврзан со името на Карл Либкнехт, поточно со адресата врзана со неговото име
Фестивалот ОФФест годинава ќе се одржува во рекордни шест дена, од 3 до 8 јуни, и ќе понуди девет концерти и еден документарен филм, соопшти организаторот – Скопски џез-фестивал