Со читање на националните и светската порака за театарската уметност, денеска во театрите низ светот се одбележува Светскиот ден на театарот – 27 Март.
Долгометражниот игран филм „Незаборавна пролет во заборавено село“ е прифатен во официјална селекција на Московскиот меѓународен филмски фестивал без да биде во компетициска конкуренција
Кумановскиот театар, по повод 27 април Светскиот ден на театарот утре ќе ја изведе преставата „Мојата ти“, а влезот за публиката ќе биде слободен, најавија, денеска, надлежните од Националната установа Центар за култура Куманово
Уметникот Мице Јанкуловски е добитник на највисоката награда „Лоренцо ил Мањифико“ за животно остварување на 12. меѓународно биенале на современа уметност во Фиренца 2019, што ќе се одржи од 18 до 27 октомври
Втората збирка раскази на Тамара Јолевска Попов по истоимениот расказ „Скопје, ти раскинуем“ деновиве излезе од печат. Книгата е во издание на ПНВ Публикации од Скопје. Збирката содржи 40-тина раскази посветени на Скопје како хронотоп
Во вториот викенд од наредниот месец (13 и 14 април) во Музејот на современа уметност ќе се одржи прв меѓународен фестивал на детска литература и илустрација „Литера 2019“, на кој покрај македонски автори ќе има и гости од Србија, Хрватска и Грција.
Во НУ„Завод и Музеј Струмица“ неколку илјади артефакти стојат необработени и незаштитени. Според раководството на институцијата причина за ваквата состојба е немањето доволно конзерватори.
Од понеделник, 1 април, секој посетител на Кинотеката кој ќе дојде со велосипед ќе добие бесплатна влезница за филмот што тој ден ќе се прикажува.
Во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, издавачката куќа „Готен“ вечер од 20 часот во книжарницата „Антолог“ ќе организира книжевен разговор со писателот Мехмет Јашин од Кипар, кој овој месец е гостин на резиденцијалната програма за писатели на „Готен“.
Македонската опера и балет вечер ќе го изведе балетот во два чина „Рајмонда“ од Александар Глазунов, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина.