Кинотеката на Макдонија на 22 и 23 март ги ќе прикаже четирите играни долгометражни филмови на режисерот Кирил Ценевски кои дигитално ги реставрираше и ги објави во комплет на ДВД.
По повод 8 Март, во Чифте амам ќе биде поставена тематска изложба „За неа“ со околу 70 дела инспирирани од жената, кои Националната галерија на Македонија ги има во својата колекција.
Друштвото на писателите на Македонија во текот на март ќе прима апликации за членство. Пристигнатите ќе ги разгледува Претседателството на ДПМ на редовна седница во април и по пат на гласање ќе ги избере кандидатите кои ги задоволуваат критериумите за избор.
Операта „Турандот“, епската кинеска бајка на Џакомо Пучини во режија на Џанкарло дел Монако, вечер од 20 часот е повторно на сцената на Македонската опера и балет.
Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари работна средба со амбасадорот на Руската Федерација во земјата Сергеј Баздникин.
Средношколците во државава купуваат книги во печатена форма. Најмногу читаат авантуристички книги и научна фантастика на македонски, а потоа на англиски, албански, српски и на други јазици.
Новиот лектирен список за основното образование за учебната 2019/2020 година, кој деновиве го објави Бирото за развој на образованието (БРО), беше дискутиран на денешната трибина посветена на актуелната состојба и статусот на литературата за деца, организирана од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Андреј Гугнин, меѓу најдобрите руски пијанисти од новата генерација музички уметници, ќе биде солист на вечерашниот концерт на Македонската филхармонија насловен „Пет става во дур“.
Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 19 часот ќе биде отворена изложба „Асемантички записи“ на Ивона Тричковска, виш конзерватор-реставратор на иконописни дела.
Љубителите на визуелните уметности, вечер ќе имаат можност да ја проследат самостојната изложба на Анита Огњановска насловена „Длабочина“ во НЛБ Галерија.