Проектот „Светот на Биби“ беше промовиран на „Кидскрин самит“, најголемиот настан посветен на детската забавна индустрија во САД, што се одржа во Мајами, Флорида, од 11 до 14 февруари.
Македонско-словачка монографија „Културата во земјите во транзиција“ ќе биде промовирана денеска во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во организација на Институтот за македонска литература.
Кумановскиот музеј доби 23 проекти, подржани и одобрени од Министерството за култура, соопштија денеска надлежните од оваа националната установа. Годинава ќе се осовременува историското одделение од музејската поставка, ќе продолжи откупот на етнолошки материјал, ќе биде подготвен документарен филм за бракови меѓу старите ерегени од Козјачијата со невести од Албанија.
Издавачката куќа „Везилка 2011” ја објави новата книга на познатиот словенечки филозоф Славој Жижек – „Ленин 2017 – сеќавање, повторување и разработка“.
Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје денеска ќе биде отворена шестата Меѓународна Балканска изложба „МОСТ“.
Поради жртвите во тешката сообраќајна несреќа и прогласените денови на жалост, денеска и утре се откажуваат закажани настани во институциите од културата.
Изложбата „Црн петел, црвена кокошка: култови на плодноста, обреди, обичаи и верувања“, која од 7 февруари е отворена во Етнографскиот музеј во Загреб, бележи позитивни одгласи во хрватските медиуми, соопшти Музејот на Македонија, кој ја подготови изложбата во соработка со Археолошкиот музеј од Скопје.
Денеска, кога емоциите се смирени, кога хистеричниот бран на неоправдени и злонамерни реакции престана, би било добро да направиме анализа зошто буџетите од последните две години во Министерството за култура предизвикуваа толку големо внимание во јавноста и што донесе распроделбата на овој буџет.
Со задоволство ја прифатив поканата за средба со уметникот, карикатурист и стрип-мајстор Златко Крстевски. Сакав да го видам творечкото катче на уметникот кој ја започна оваа година со големо достигнување – Музејот во јапонскиот град Саити откупи негово дело. Ќе биде овековечено во земјата на изгрејсонцето.
По средбата на премиерот Зоран Заев со министерот за култура Асаф Адеми ќе се знае дали ќе се поништи дел од конкурсот на Министерството за култура кој наиде на реакции во изминатите денови.