Славчо Ковилоски од Скопје, поет, прозаист и книжевен историчар е добитник на престижната награда „Григор Прличев“ што секоја година се доделува во чест на славниот охридски преродбеник. Поемата „Крале Марко по вторпат“ е избрана за најдобра поема на конкурсот за најдобро поетско дело за 2018 година.
Изложбата „Повеќе од должност“ свечено ќе биде отворена денеска во Културно информативниот центар по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.
Министерот за култура Асаф Адеми денеска се сретна со претседателот на шпанското Здружение на автори и издавачи (SGAE), Фабиана Буенавентура Канино, на која присуствуваше и амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија Емилио Лорецо Сера и повеќе експерти од оваа област.
Меѓу годишнините на значајни настани и истакнати личности предложени за одбележување во 2019 година се 15 години од смртта на претседателот Борис Трајковски, 1150 години од упокојувањето на св. Кирил, 200 години од раѓањето на Димитрија Дичо Зограф, 110 години од раѓањето на Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Круме Кепески и 110 од смртта на Кузман Шапкарев…
По кратко и тешко боледување на 74-годишна возраст почина актерот Славко Нинов (1945-2019), кој од 1965 година до пензионирањето сиот работен век го помина во Македонскиот народен театар. Од 1988 до 1993 година ја извршуваше функцијата директор на Драмата при МНТ.
По кратко и тешко боледување на 74 години почина актерот Славко Нинов, кој работниот век го помина во Македонскиот народен театар.
Концерти со Камерниот оркестар на Битола, гостување на балетот на МОБ, изложби и ревија на македонскиот игран филм ќе доминираат во првото програмско тримесечие на НУ Центар за култура-Битола.
„Процесот на Слански и други чешки судбини” и „Храбал – тажниот крал на чешката книжевност” се два нови наслова во едицијата „Прашки ракописи” на Ристо Лазаров во издание на „Везилка 2011”.
„Маџун“ – најновиот роман од македонскиот истакнат писател Влада Урошевиќ во издание на издавачката куќа „Магор“, ќе биде промовиран вечер во Кино Култура.