НУ театар Комедија ќе ја заокружи работната година со претставата „Нема да платам“ од Дарио Фо, во режија на Александра Кардалевска.
Годината што изминува беше една од поуспешните за ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија кој вечер со Новогодишен концерт ќе се претстави пред гевгеличани во салата на Народниот театар.
Во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечерва љубителите на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во Новогодишно-божиќниот гала-концерт на Македонската Опера и Балет.
Изложби, поетски читања и други манифестации се дел од меморанудмот за соработка меѓу Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ и меѓународни уметници, што денеска беше потпишан во Струга.
Од вкупно 690 испитаници, 170 лица прочитале само една книга, 160 прочитале две книги, 130 прочитале три книги и 130 не прочитале ниту една книга. Ова се резултатите од предновогодишната анкета што ја реализираше Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ од Скопје под заеднички наслов „Културен барометар“.
Македонската опера и балет вечер од 20 часот премиерно ќе го изведе балетот во два чина „Ана Каренина“ според романот на Лав Толстој, на музика на Петар Илич Чајковски. Кореограф е Лео Мујиќ од Хрватска, а диригент Бисера Чадловска.
Камерното дуо Кировски – виолинистот и виолист Љубиша Кировски и пијанистката Маја Шутевска-Кировска, вечер од 20 часот во Македонската филхармонија ќе одржат концерт со кој ќе одбележат 25 години уметничка кариера и присуство на домашната и меѓународната музичка сцена.
Македонската филхармонија од 26 декември до 8 јануари ќе биде на турнеја во Кина каде што за две недели ќе одржи седум концерти.
Музејот на македонската борба денеска отвори мултимедијална изложба „Спомени од Првата светска војна“ во која преку документарни материјали – фотографии, лични сведоштва и богат фонд на музејски артефакти, презентиран е војничкиот живот за време на Големата војна на овие простори. Авторка на изложба е Данијела Трајкова-Крстиќ, кустос во музејот.
Книгата „Мал филателистички лексикон“ на доајенот на филателијата во Република Македонија Климе Поповски ја доби “Големиот позлатен медал“ на годинашната изложба на филателистичка литература „Италија 2018“.