Монографија „30 години Поетска ноќ во Велестово“ деновиве излезе од печат во издание на Поетска ноќ од Велестово и ПНВ Публикации-Скопје. Монографијата, која ја подготви основачот на манифестацијата Славе Ѓорѓо Димоски, покрај текстуален материјал, богато е илустрирана со фотаграфии кои хронолошки го претставуваат развојот на манифестацијата во изминатите три децении.
Македонскиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески синоќа во „Коларац“ во Белград го претстави „Македонисимо“ во рамки на циклусот „Рефлексии на Бемус“, што беше и регионална премиера и на овој негов нов емотивен проект инспириран од македонската народна музика.
Во Музејот на македонската борба денеска напладне ќе биде отворена изложба „Спомени од Првата светска војна“ со која музејот се придружува во одбележувањето на 100-те години од крајот на еден од најкрвавите и најдраматичните настани од светската историја.
Пијанистот со светско реноме Симон Трпчески со својот емотивен проект „Македонисимо“ синоќа во Белград приреди вистински празник на македонската традиционална музика.
„Точно на полноќ“ е насловен вечерашниот гала новогодишен концерт на Македонската филхармонија, на кој ќе бидат изведени популарни дела од класичната музика.
-Плетенка е убаво смислен назив на идејата од страна на композиторот Шахов, за поврзаноста на душата на мелодиите коишто се испреплетени меѓу себе на најразлични начини, додаде Трпчески.
Во Центарот за култура во Ѓорче Петров вечер од 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Класот Х“ на Театар Пи, која го актуелизира проблемот на непостоење солидарност и емпатија кон лицата што се на маргините на општеството.
На споменикот на природата „Маркови Кули“ во Прилеп му се потребни Планот за управување и спој на природното со културното богатство со меѓународна валоризација за да биде на постојаната листа на УНЕСКО, констатираа учесниците на денешната јавна дебата што се одржа во Прилеп.
„Стрика фест“, кој годинава се одржува по вторпат, е во организација на здружението „Креативна оштрица“, а е реализиран со финансиската поддршка на Градот Пожаревац.
Благодарници од страна на организаторите им беа доделени на поддржувачите и на претставници на медиумите, а манифестацијата продолжи со читање песни од присутните автори.