Претставата „Реалисти“ според текст на белградската авторка Јелена Кајго, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ утре и задутре премиерно ќе биде изведена во Македонскиот народен театар.
Во Даут пашин амам вечер ќе биде одбележан јубилејот – 70 години постоење на Национална галерија на Македонија, на кој ќе се обрати премиерот Зоран Заев.
Во рамки на изложбата „Духовите на Африка“ доцент д-р Велика Стојкова Серафимовска денеска во Музејот на Македонија ќе одржи предавање со наслов „Ритамот и звукот на Африка: кон корените на светската музика“.
Со свои скулптури од керамика на изложбата ќе гостува еминентната уметница од Бугарија Елена Виденова.
Тројцата македонски карикатуристи Јордан Поп Илиев, Блаже Докулевски и Златко Крстевски се добитници на специјални награди на меѓународната изложба на светската карикатура „SICACO“ во Сеул, Јужна Кореја. Делата на македонските карикатуристи се публикувани во албумот „ SICACO-Best cartoons in the world“.
Во рамки на посетата на Република Турција, министерот за култура Асаф Адеми синоќа во Истанбул присуствуваше на отворањето на изложбата на артефакти од Музејот на Град Скопје, организирана во соработка со Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул.
Во Македонската филхармонија денеска Факултетот за музичка уметност одбележува 52 години од основањето со целовечерен концерт на својот најголем ансамбл, Симфонискиот оркестар сочинет од студентите на додипломски и последипломски студии.
Претставата „Љубовни пози на историјата“ по текст на Горан Стефановски, во изведба на прилепскиот ансамбл го воодушеви жирито на меѓународниот фестивал во Никшиќ, Црна Гора и се закити со гран при наградите за најдобра машка и женска епизодна улога и за колективна игра.
Завршија годинашните истражувања на Неолитска населба од средниот неолит, стара над 7.500 години, во близина на селото Костурино, кај Струмица.
„Јас не сум виновен за ништо“ е најновата книга на хумористот, сатиричар и карикатурист Тоде Р. Блажевски, а во издание на „Бата прес“.