Од понеделник со изведба на првата претстава ќе започне второто издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело” во Гостивар.
Во Македонска филхармонија вечерва ќе се одржи хуманитарен концерт насловен „Есенска бајка“. На концертот ќе настапат Мимоза Ќека и Јована Трајчева кои ќе изведат дела од Рахмањинов, Чајковски и Равел.
Во рамки на програмските активности на библиотеката од Гевгелија насочени кон популаризација на книгата, во Месецот на книгата, денеска пред гевгелиската читателска публика со свои творби се претставија 14 автори, членови на Друштвото на писателите на Македонија.
Новиот состав на Советот за култура на министерот за култура Асаф Адеми вчера одржал прва средба, соопшти ресорното Министерство.
За да се афирмира и врати неговото некогашно значење како основен градежен материјал при реставрацијата на објекти и споменици од културата, Националниот комитет на ИКОМОС денеска органиизраше стручен форум за претставници од установи, факултети и компании.
„Писателот од Порече“ е насловена монографијата на авторите Наум Попески и Саво Костадиновски која деновиве е објавена во издание на Акдемски печат од Скопје.
Седиштето на Гостиварскиот театар, новата национална установа за чие основање Владата донесе одлука на седница во вторникот, ќе биде во Центарот за култура во Гостивар.
Со балетот „Лебедово езеро“ на Чајковски, љубовна приказна која ја раскажува вечната борба меѓу доброто и злото, вечер во Македонската опера и балет ќе бидат отворени 19. „Есенски музички свечености“ кои ги организира Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.
Хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески, на кој биде промовиран неговиот нов албум „Тајно место“(Secret Place) со нови, досега необјавени песни, ќе биде одржан вечер во ВИП Арена „Борис Трајковски“.
Во новиот број на српското литературно списание „Екерман“ е објавен расказот „Вертикалата на Душко Крстев“ на македонскиот писател Томислав Османли.