Дуетот Кевсер Селимова и Ѓорѓи Желчески се добитници на наградата за животно дело на Прилеп што се доделува по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот.
Струмичкиот завод и музеј воведува нова форма на презентација на културно историското наследство. Тие се први во државата кои на своите посетители ќе им понудат виртуелна прошетка низ целата музејска поставка. Целта е преку 3Д презентација поставката да им стане достапна на сите заинтересирани.
Во прилепското кино „Мис Стон“ утре и задутре ќе се одржува ревија „Прозорец кон италијанскиот филм“ во организација на Амбасадата на Република Италија, Здружението на професори по италијански јазик на Македонија, во соработка со прилепската гимназија „Мирче Ацев“.
Во чест на поетот Анте Поповски, меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ вторпат годинава го распишува конкурсот „Антево слово“ за најдобра поетска творба.
Квартетот гитари од Минеаполис jа восхитува публиката низ САД, Европа и Азија. Негови членови се четворица музичари – Џозеф Хагедорн, Маја Радованлија, Бен Канкел и Вејд Оден, кои градат однос со својата публика особено преку нивниот сценски ангажман и хумор.
Нови, досега необјавени песни од Тоше Проески содржи албумот „Secret Place“ кој ќе биде промоворан на големиот концерт во негова чест в петок во ВИП Арена „Борис Трајковски“.
Книгата „Трагачи по парадокси“ од делчевскиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски вчера беше промовирана на Саемот на книгата во Белград и во ромаскиот град Темишвар.
Македонскиот музичар и композитор Дуке Бојаџиев денеска во ноќниот клуб „Станица 26“ ќе го промовира најновиот студиски албум „Синергија“.
По повод 27 Октомври, Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, Кинотека на Македонија ќе ја потсети домашната јавност за вредноста и значењето на националното кинематографско наследство, како и за потребата од негово чување и пренесување на идните генерации.
Во Галеријата „Акантус“ денеска ќе биде отоворена сомостојната изложба „Верувам дека можам да летам“ на Жанета Гелевска Вељановска.