Аматерскиот театар „Мирка Гинова“ од Демир Капија, кој опстојува 55 години и има бројни награди и признанија, вечерва премиерно ќе ја одигра претставата „Умри машки“ од Алдо Николај. Режијата е на Томе Атанасов.
Никола Бадев му докажа на светот дека овде постои мал народ, но богат со културна традиција, рече неговата ќерка Роска, синоќа во Кавадарци, при отварањето на посебна просторија во новиот музеј, во која се сместени предмети што сведочат за животот и делото на Бадев.
Во Детскиот креативен центар МКЦ утре ќе биде организирано големо дружење меѓу деца без и со посебни потреби, насловено како „Необичен роденден“.
Концерт во чест на доајенот на македонската народна песна, Никола Бадев, се одржа синоќа во Домот на културата “Иван Мазов-Климе” во Кавадарци. Настанот беше во рамките на одбележувањето на стогодишнината од неговото раѓање.
Љубителите на пишаниот збор од помладата генерација синоќа имаа можност да слушнат поетски творби на десетина млади автори.
Мултимедијалниот проект „Монолози“ ќе се одржи вечерва во Музеј на Град Скопје во рамки на фестивалот „Златна лира“. „Монолози“ претставува своевиден музички театар, во кој музичката изведба и драмската игра се обединети во уникатен музички перформанс.
Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој Арт Поинт – Гумно во село Слоештица, јубилејот – 15 години креативна работа ќе го одбележи со изложба што ќе биде отворена вечер во Домот на културата ,,Илинден” во Демир Хисар.
Општина Велес објави конкурс за доделување на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“, информира на денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски.
Спомен соба за доајенот на македонската народна песна, Никола Бадев, беше отворена вечерва во рамките на новиот музеј во Кавадарци, по повод 100-годишнината од неговото раѓање. Директорката на музеј галеријата, Весна Ѓорѓиева за Бадев рече дека е бардот на македонската изворна народна музика, доајен и легенда, амбасадор на македонската изворна народна песна.
Продолжува претставувањето на Филмот „Коливо” на меѓународна сцена. Филмот што делчевскиот режисер Андреј Волкашин го сними во селото Град во Делчево, влезе во натпреварувачка конкуренција на 16-тото издание на „Тирана Филм Фест“, што од 2 до 9 ноември ќе се одржи во Албанија.