По повод 55 години од скопскиот земјотрес, вечерва во Музејот на Град Скопје беше отворена тематската изложба за младинските бригади „Од Братство и единство ’63 до Скопје ’63“.
Во рамките на проектот „Музички корени“ вечер пред платото на центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, концерт ќе одржи ансамблот „Стефче Стојковски“ со пријателите.
Во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ е поставена изложба посветена на 55 години од катастрофалниот земјотрес.
Издавачка куќа „Слово“ од Скопје го објави делото „Природата на Бог“ од Тихана Обрадовиќ Чингарова, која е дел од младата генерација македонски филозофи.
Фотографската изложба „Град и деца“ од Турција која требаше да биде отворена утревечер во Културно-информативниот центар во рамки на „Скопско лето“ е откажана.
Единаесет музичари од Охрид и Струга вечер на сцената кај Долни Сарај во Охрид во Охрид ќе одржат концерт со избрани хитови на светски познатата рок група „Пинк Флојд“.
На „Охридско лето“ вечер концерт ќе имаат врвните француски пијанисти Мишел Бурдонкле и Николас Бурдонкле, а на програмата е и претставата за деца „Тоби“ на Театарот за деца и младинци од Скопје.
Музејот на современата уметност денеска напладне ќе отвори изложба од неговата грчка колекција во која се 47 уметнички дела од 34 уметници од Грција.
Поетот Петко Шипинароски денеска стана почесен член на Друштвото на писателите на Србија и на Друштвото на писателите на Косово и Метохија.
Маја Андоновска Илиевски, актер во Битолскиот театар, избрана е за нов директор на НУ Центар за култура-Битола.