По прогласувањето на победниците на „Гола месечина 2018“, вечер пред публиката ќе настапи стендап-комичарот Марјан Ѓорѓиевски, а фестивалот со обраќања ќе го затворат градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин и директорот на Театар Комедија, Сашо Ристовски.
Книжевна вечер на Лидија Димковска во организација на издавачката куќа „Поетека“, во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, вчера се одржа во Тирана, Албанија.
Во Битола денеска ќе почне шестиот „Шекспир фестивал“ кој ќе го отвори ансамблот на домаќинот и организатор на фестивалот - Народен театар-Битола со претставата „Јулие Цезар (Res Publica - Cosa Nostra)“ во режија на Златко Паковиќ.
Во „Кино Култура“ вечер од 20 часот ќе биде изведен мултимедијален перформанс насловен „’Ртулци“, создаден од младите уметници кои беа дел од првата продукција „Инкубатор“.
Министерството за култура соопшти дека почнува јавна расправа по текстот на Нацрт-законот за јавен интерес во културата, кој го објави на својата веб-страница www.kultura.gov.mk.
Изворните музички инструменти во Македонија се важни за зачувување на нејзината културна традиција, а кемането е еден од најпознатите во источниот регион на државата и потребно е да се обучуваат млади луѓе за изработка и музицирање на овој инструмент.
Во Музеј на Град Скопје до 24 јуни е отворена ретроспективна изложба на авторката Лидија Саздовска, на која е претставен пресек од нејзиното четиридецениско сликарско творештво.
Интернационалниот фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз 2018“ годинава ќе се одржува во два дела - од 7-ми до 9 јули и на 30 септември.
На „Скопско лето“ ќе гостува театарот „Гавела“ од Загреб, кој вечер во Македонскиот народен театар ќе ја изведе претставата „Крал Ричард Трети“ од Шекспир во режија на Александар Поповски.
Со концерт на Дадо Дганит, позната пејачка и член на Националниот театар на Израел „Хабима“ и познатата израелска флејтистка Зер Авив, вечерва во Македонската филхармонија е отворен фестивалот „Скопско лето 2018“.