Претседателот на Унгарија, Јанош Адер, по повод националниот празник на државата, го одликува Раде Силјан со орденот „Златен крст за заслуги“.
Македонски народен театар – Скопје заедно со Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија, Бугарија, и четири други национални театри од различни држави од Балканот ја основаа/се вклучија во Асоцијацијата на балканските национални театри.
В.д. директорот на Македонската опера и балет, Казим Асотиќ, ја презентираше годишната програма. Според него, железниот репертоар од класичната уметност е она што би ја доближило младата публика до оваа институција.
„Одбројување“ на Фросина Пармаковска, објавен од издавачката куќа „Или-Или“, ја доби наградата „Роман на годината“ за 2017 година која ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.
Од 22 март до 5 април ќе се одржуваат 41. Денови на македонска музика (ДММ) во организација на Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ).
Секоја година, на 21 март, Денот на поезијата, во стотици локации низ десетици држави во целиот свет виенскиот произведувач на кафе и чај, Јулиус Мајнл, организира настан кој има за цел да ја поттикне поезијата кај секого.
„Одбројување“ е трет роман на Фросина Пармаковска („Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“). Дипломирала Општа и компаративна книжевност, а магистрирала на Културолошките студии при Институт за македонска литература.
Синдикатот на културата на Република Македонија бара од Министерството за култура итен почеток на процесот на изготвување нов Закон за култура во чие креирање ќе бидат вклучени претставници на синдикатите и носителите на дејностите во културата.
Владата на денешната седница основаше национална установа Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија – Скопје, како непрофитна установа од областа на културата.
„Одбројување“ на Фросина Пармаковска (Или – или), „Земјотрес 05:17“ на Владимир Плавевски (Македоника литера), „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља (Готен), „Диссомнии“ на Игор Станојоски (Антолог) и „Годините кога научив да летам“ на Евгениј Хоуп (Матица македонска) влегоа во трет круг од изборот за наградата „Роман на годината“ за 2017-та