„Талија“ е документарниот филм посветен на театарскиот живот во Тетово во изминатите 125 години низ разни форми на театарска игра, што премиерно ќе биде прикажан в четврток. Режисер на филмот е Саше Серафимовски, асистент режисер Игор Бачовски, а извршен продуцент Миќо Стојчевски
Од 24 до 26 јуни, по 6. пат во Крушево ќе се одржи фестивалот „When In Krusevo“ (Кога во Крушево)
Македонскиот гитарист Влатко Стефановски викендот првпат настапи во Тирана во Албанија. Стефановски настапи во придружба на својот син Јан Стефановски – тапани и Иван Кукиќ – на бас, а за координација пред и по настанот стои директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, Златко Ориѓански
На турската телевизија ТРТ1 утре ќе се одржи премиера на првата епизода од турската серија „Балканска приспивна песна“ (Balkan Ninnisi), која се снима низ локациите во Скопје
Во прилепскиот народен театар во тек се подготовките на новата претстава „Круг“, според текстот на Едвард Олби, во режија на Јован Ристовски
Со особена радост ја објавуваме веста за нови креативни почетоци и првата читачка проба на претставата „Сите сме птици“, по текстот на либанско-канадскиот автор, Важди Муавад, а во режија на нашиот ценет Слободан Унковски
Со концертен настап на учесниците од Аргентина, Германија, Грција, Босна и Херцеговина, Бугарија и Македонија вечер во Струга завршува кампот „Етно Македонија“, чиј организатор е Музичка младина нна Македонија
Од печат излезе романот на Паскал Гилевски „Излезе сејачот да сее – роман за Блаже Конески“. Романот е во издание на Матица македонска
Со најновото издание на Меѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски” која од денеска до 27-ми месецов се одржува во комплексот на истоимениот манастир во Крива Паланка, официјално е отворена и програмата на „Кривопаланечко културно лето 2022″
Во Археолошки музеј на Република Македонија денеска напладне ќе биде промовирана монографијата „Димов Гроб некропола од доцното бронзено време“ на авторот Златко Видески