Македонија ќе склучи договор за соработка со САД на полето на заштитата на културното наследство во насока на превенција од нелегална трговија со културни добра, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска
На отварањето на своето 15-то јублијено издание, Фестивалот за современа музика МОДОАРС го најавува својот грандиозен концерт кој ќе се одржи на 6-ти јуни, 2022 година во 20 часот камерната сала на Македонската филхармонија
На сцената на „Театр ЛАБ“ во Братислава вечер, на отворање на фестивалот „Share“, ќе настапат студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, кои ќе ги изведат кореогрфаиите „Outline“ на Дејан Битровски, во која настапува Емилија Милак и “БЕЗ-НАДЕЖЕН” на Иван Ангелковски, во која настапува студентката Стефани Шааршмит
По синоќешното отворање со настапите на Перија и Добрила и Доријан Дуо, денешната втора вечер на ОФФест е резервирана за еден од најзначајните современи мајстори на инструментот кора, Балаке Сисоко од Мали, како и за префинетиот посттропикализам и бос звук на триото на бразилски гитарист, пејач, композитор и продуцент Лукас Сантана
Македонскиот народен театар на 3 јуни го отвора 56. фестивал „Војдан Чернодрински“ со најновата претстава „Народен непријател“ од норвешкиот автор Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ
Во концертната сала на државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ вчера во Тетово се одржа свечена промоција на најновиот 18-ти роман „Старецот и морето“ на тетовскиот писател Јован Дамјановски
Прв фестивал на камерна музика „Струмица Класика Интернационален Фестивал 2022”, ќе се одржува од денес до 9 јуни годинава
Книгата, како што соопшти Културно информативниот центар (КИЦ) – Скопје, ќе ја претстават Гордана Јовиќ – Стојковска и Младен Весковиќ, а делови од неа ќе чита Мирослав Петковиќ
Во Центарот за култура „Tрајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва ќе се одржи Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“ 2022
Оркестарот на Филхармонија вечерва од 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта