Со изложбата „Екстатични тела: Архива на перформативни квир тела во Македонија“ вечерва во Музејот на современа уметност почнува Викендот на гордоста – Скопје 2022
Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на детето, во Македонска Каменица се одржа промоција на илустрирани детски сликовници „Во светот на палавите афоризмичиња”
Од утре до 9-ти овој месец во Струмица, во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржува првиот „Струмица класика интернационален фестивал“, на кој освен солистичка музика, најголемиот дел од програмата ќе биде посветен на камерната музика
Скелетните остатоци од археолошки локалитети говорат за животот во демиркаписко во минатото, информираа денеска од Музеј Демир Капија
Пред Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип вечерва за прв пат на отворено ќе се изведен настан во кој штипска публика ќе може да ужива во класична музика
Од 9 до 12 јуни, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи четвртото издание на „Златна рамка“, филмската ревија на македонската продукција
Од денеска почнува онлајн издание на Фестивалот на кинематографиите на земјите на Југоисточна Европа и ќе трае до 6 јуни
По повод Светскиот ден на детето, денеска се одржа промоција на едицијата „Нови бајки од Македонија“ што ја сочинуваат четирите бајки – „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“
На Зелениот покрив ГТЦ, вечерва од 19 часот ќе се одржи промоција на монографијата „Лексикологија на македонскиот јазик“ од професор д-р Симона Груевска Маџоска
Големиот музичар, гитарист, продуцент, автор на филмска музика и основач на популарниот сараевски бенд „Бијело Дугме“, една од најпознатите југословенски поп/рок групи- Горан Бреговиќ, познат како Брега, доаѓа во Македонија