Промотор на книгата беше неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, кој посочи дека е општо познато дека монаштвото е бројно во охридскиот регион, со тоа и градењето први манастири во земјава.
Дел од трудовите се резултат на повеќегодишни научни истражувања и имаат трајна вредност со вонвременско значење, бидејќи се ставаат во одбрана на македонската себепрепознатливост.
Во чест на архиепископот охридски и македонски г.г. Доситеј излезе од печат монографијата „Возобновителот“. Таа е издание на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, а во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“
На програмата на меѓународниот филмски фестивал „Богородичен покров“ вечер се предвидени проекции на српските документарни филмови „Ровачки острог“ (21:00) и „Манастир Тумане – сведоштва“
Во Тетово од денеска до 30 декември ќе се одржува саем на книги во организација на тетовските издавачки куќи Сут и Нобел. Дваесетина штандови на издавачи на книги на албански јазик се поставени во трговскиот центар „Ремал“.
Традицијата за возобновување на Божикни песни, по идеја на Бигорскиот манастир и со благослов на владиката Партениј, продолжува и оваа година.
Почна конзервацијата и реставрацијата на исклучителниот иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение“. Конзерваторите од прилепскиот и од битолскиот Завод и музеј ја почнаа првата од фазите на заштитата и зачувувањето на ова ремек дело, едно од трите во земјава.
Излезе од печат публикацијата „Херои на Македонија“ на Националната установа Музеј на тетовски крај од авторката тамошен кустос Кристина Томовска Ристовска
Во Музејот на Град Скопје на 28 декември ќе биде отворена изложбата насловена „Преку планината: или за двата паралелни неолитски света на Слатина – Зелениково и Церје – Говрлево“
Набавено современо концертно пијано за учениците и наставниците од државното музичко училиште во Скопје