Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец
Според Градоначалникот на општината, Драган Анастасов со овој музеј ќе се овозможи развој на туризмот, но и бенефит од едукативен аспект во источниот регион.
Советот на Општина Кочани пред крајот на својот мандат ќе донесе одлука за организирање локален референдум во врска со изградбата на мини хидроцентралата на Мала Река.
Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 32 до 41 степен.
Со мотото „Боја како музика и музика како боја“, Факултетот за уметности на Универзитетот во Тетово го организираше првиот настан од овој формат, на кој сликарите преку боите ги насликаа звуците на музиката што ги слушаа во реално време.
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски заедно со градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчовски денеска ја посети туристичката населба Равна Река, каде неодамна заврши проектот за партерно уредување на Црнодолскиот Водопад, при што изрази задоволство од реализираните активности преку кои се подобрува туристичката понуда во Малешевијата.
Проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и реставрација на најранливите планински предели“, финансиран од Глобалниот еколошки фонд со 3,7 милиони долари, во следните четири години ќе биде спроведен од УНЕП и Министерството за животна средина и просторно планирање
Во Малешевијата има многу производи кои во пазарниот сегмент имаат вредност на посебност, што е од особена важност за обезбедување соодветен економски развој преку партиципација на туризмот
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, најмладиот државен во земјава, денеска свечено ја промовираше првата генерација апсолвенти и одбележа годишнина од основањето
Градинарите од Струмичко се задоволни од откупните цени и очекуваат овој тренд да продолжи