Општина Гевгелија го доби решението на Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување на Референдум од страна на Советот против отворање рудници на планината Кожуф во март и април 2017 година по поднесената иницијатива од канадската компанија „Резервоар минералс“. Локалната самоуправа најавува дека ќе поднесе приговор.
И по повеќе од две децении Македонија не може да се пофали со развиено земјоделско задругарство. Не само што сме далеку од светските, современи трендови, туку и кај постојните кооперации основните принципи на здружување не се почитуваат, беше речено на денешната трета сесија на Работната група за земјоделство на Националната конвенција за ЕУ во Македонија.
Татковинското друштво „Дибра“ на дебрани во САД, за оваа зимска сезона обезбеди 115 кубни метри огревно дрво за дебарски семејства кои се во тешка социо-економска состојба.
Иако според могумина веќе е крај на сезоната за мотоциклисти, сепак РСБСП во рамките на кампањата „Без изговори“ посебно внимание посветува на мотоциклистите како ризична и ранлива група учесници во сообраќајот. Како посебно ранлива категорија на учесници во сообраќајот, мотоциклистите треба да бидат двојно повнимателни и двојно поодговорни учесници во сообраќајот.
Да се воведат посебни владини мерки за поддршка на земјоделските задруги, да се даде приоритет или дополнително бодување на задругите и оценка на нивните апликации за одредени мерки за поддршка и да се овозможи предност за задругите за користење државно земјиште, се само дел од Предлог-препораките на Работната група за земјоделство и рурален развој од Националната конвенција за ЕУ во Македонија што денеска ја одржува Третата сесија.
Врнежите од дожд што ноќеска го зафатија охридскиот регион ќе ја подобрат неповолната хидролошката состојба што резултираше со драстично намалување на нивото на водата на Охридското Езеро. Дождот секако ќе придонесе и за подобрување на ситуацијата во Студенчишкиот канал каде изминатите денови плашицата и другата риба се задушуваше поради недоволното количество кислород во водата.
Актуелните состојби во работењето на земјоделските задруги се тема на денешната Трета сесија на Работната група за земјоделство и рурален развој од Националната конвенција за ЕУ во Македонија.
По втор пат во период од две години основното општинско училиште „Јоаким Крчовски” од Крива Паланка е дел од меѓународен проект финансиран од програмата Еразмус плус на Европската унија.
Матичните лекари во Прилеп денеска пред подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување на Македонија одржаа протестен собир на кој ја изразија подршката на преговорите меѓу Лекарската комора на Македонија со Фондот и ги истакнаа своите барања во поглед на несогласувањето со одредени членови од договорите со Фондот.
Еколошка катастрофа во каналот Студенчишта, според проценките на природонаучниците од Хидробиолошкиот завод, угина околу половина тон плашица. Поморот на риба според слободните проценки пак на рибарите кои секојдневно во каналот ја изловуваат плашицата е далеку поголем, пренесува Алфа ТВ.