Пробиштип почна со проширување на Филтер станицата. Станува збор за капиталeн проект, што се реализира со најголемата донација досега за oпштината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов за МИА вели дека од декември 2018 година фирмата „Искра“ од Словенија е вклучена во проширувањето на филтер станицата.
Околу двесте жители на селото Герман, во Општина Ранковце, деветти ден се отсечени од сообраќајна комуникација со општината поради обилните снежни врнежи што ја зафатија државата, а во овој реон создадоа снежна покривка од околу осумдесет сантиметри, информираат од Подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување – Крива Паланка.
Oдговорните од Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка апелираат граѓаните да ги отстранат возилата од сообраќајниците за да може непречено да се одвива расчистувањето на снегот од улиците.
Снегот кој во Кичевскиот регион врнe непрекинато повеќе од 48 часа, создаде големи потешкотии во нормалното одвивање на секојдневието на населението и најмногу го отежнува одвивањето на сообраќајот, но надеж преставува тоа што денеска врне снег со послаб интензитет.
Во последниот месец од изминатата година до општина Гевгелија, граѓаните најмногу приговори поднеле за уличното осветлување. Дури 39 барања се однесувале на отстранување дефекти на одделни улични места за осветлување, каде интервенциите биле најчести, како и за инсталирање на нови линии.
Општина Гевгелија објави јавен повик за продажба на седум градежни парцели наменети за домување во станбени куќи, што се наоѓаат во населбите Моински Пат и Караорман.
Компанијата концесионер на градските паркинзи во Битола ноќеска по полноќ изврши чистење на најголемиот градски паркинг во општината.
На патниот правец Дебар – Струга во 16:30 е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража.
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, е укината во 12:30 часот, информират од Автомото сојузот на Македонија.