Општина Илинден набави и подели 50 смарт таблети, на учениците од трите основни училишта на територија на општина Илинден, по повод новогодишните и божиќните празници.
Општина Битола донираше новогодишни пакетчиња и за повеќе здруженија и институции кои работат со лица со попреченост, како и за општинската организација на Црвениот крст, со што од општината донирани се вкупно 400 пакетчиња.
Болницата извршила испитувања и утврдила дека во 90 проценти од случаите станува збор за респираторен вирус, главен за појава на бронхиолити.
Систем за навигација на одделот за оториноларингологија и база на череп, кој е прв ваков апарат во нашата држава и пошироко во регионот, беше промовиран денеска во ГОБ „8 Септември“.
Секретарот на Општина Тетово, Дарко Коцевски упати отворено писмо до јавноста со цел да ги оспори тврдењата на политичките партии кои го споменуваат на своите прес-конференции во врска со издавањето на решение за отстранување на крстот од црковниот имот на Попова Шапка.
Како што соопшти УХМР, утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла и пониска дневната температура. Минималната температура ќе се движи од -4 до 2, а максималната од 9 до 17 степени.
Сите обуки ги спроведуваат наставник по информатика, училишниот педагог и претставник на СВР Куманово, сектор за компјутерски криминал.
Коњановски информира дека во Битола одземени се ингеренциите во делот на назначување на директори во 3 училишта и предупреди дека претстојат училишни протести во градот.
Советот на Општина Охрид денеска го усвои буџетот за 2024 година, проектиран на 1.656.675.214 денари.
Вкупниот буџетот на Куманово за наредната година е две милијарди и 169 милиони денари. Раководителката на секторот, Ирена Илиевска кажа дека основниот буџет со 1.178.731.000 денари е поголем во однос на првичниот и на ребалансираниот буџет, пренесен е и дел од претходното салдо од 444 милиони денари.