Вкупниот буџетот на Куманово за наредната година е две милијарди и 169 милиони денари. Раководителката на секторот, Ирена Илиевска кажа дека основниот буџет со 1.178.731.000 денари е поголем во однос на првичниот и на ребалансираниот буџет, пренесен е и дел од претходното салдо од 444 милиони денари.
Митко Стоиловски e најдобар пожарникар во Велес за 2023, Зоран Блажевски е најдобар полицаец, а за хуманист на годината Општина Велес го прогласи Тоше Петрушев. Ермин Јаворовац е најдобар комунален работник. Наградите беа врачени денеска во Општина Велес.
Проректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Мишко Џидров денеска потпиша документ со заложби со две организации кои се залагаат за поголема дигитализација на високото образование.
Невладината организација World Medical Relief и Обединетата македонска дијаспора денеска донираа медицинска и немедицинска опрема на ЈЗУ Клиничка болница-Битола.
Производителите на тутун очекуваат денеска и утре сите откупни компании да го следат примерот на Тутунскиот комбинат Прилеп и да ја зголемат откупната цена на тутунот.
Во салата на Војничкиот клуб на Командата за обука и доктрини КОД во велешката касарна денеска се одржа свечена церемонија за промоција во прв подофицерски чин во водник на 30 припадници на Армијата меѓу кои и три жени, кои успешно го завршија курсот.
„Отворена порта-Ла Страда“ соопшти дека проектот имал за цел да ја подигне јавната свест и разбирање за трговијата со луѓе, фокусирајќи се на трудовата експлоатација и принудното питачење, меѓу пошироката јавност, вклучително и децата од маргинилизираните заедници
Еко-свест испрати отворено писмо до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на РСМ и Делегацијата на Европската Унија во кое бара повлекување на Законот за ловство и дивеч.
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. По котлините ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури, соопшти УХМР.
Здружението за заштита на животната средина СПАС ЗА МАВРОВО смета дека буџетот на Општината Маврово-Ростуше е донесен поред политичките потреби, а не реалните проблеми.