Фирмата Каменелом „Техно павер“ ДООЕЛ Скопје која стопанисува со Варницата во Превалец кај Велес и понатаму бесправно работи и покрај забраната од Државниот инспекторат за животна средина од 14 ноември годинава.
Во Крушево се одржува проектот „Разновидност, толеранција и прифаќање“ имплементиран од Здружението за европска интеграција „Европска гледна точка“, а поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Волонтерите на ЕВН со активности во Скопје, Велес и Гостивар го одбележаа 5 Декември, Светскиот ден на волонтерството.
Наградата му беше врачена од страна на претседателот на европската асоцијација на градови на спорт Asec – Џиан Франческо Лупатели, во присуство на останатите 30 градови добитници од Европа.
Петардите можат да убијат, кампања против употреба на пиротехнички средства се спроведува во Кавадарци, во организација на Секторот за превенција при Полициска станица од општа надлежност Кавадарци и Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво.
Синдикатот на тетовските пожарникари одржа прес-конференција на која објавија и обвинија дека општина Тетово е меѓу ретките во Македонија која не им дава плати согласно одредбите од законите за пожарникарство и за работни односи. Тие бараат корекција на платите, обештетување на неисплатеното досега како и подобри услови за работа, односно да добијат нова опрема наместо донирани користени заштитни средства и слично.
Најголем дел од младите иднината ја гледаат најчесто во странство, дури и при изборот на студиите, покажа средбата со средношколците од Охрид кои се дел од проектот „Креативни умови креираат иднина“. Според Јелена Петровска, библиотекар-советник од Битолската универзиетска библиотека „Св Климент Охридски“, средбата со охридските ученици ја потврди генералната слика што доминира во земјата и што ја покажаа и останатите работилници во други градови.
Во Кичево се оддржа 41. вонредна седница на Регионалниот штаб на РЦУК Кичево, каде покрај членовите на штабот на седницата присуствуваа и претставници на ЈП Македонија пат – Кичево, ТППЕ Кичево и ЕВН Македонија – КЕЦ Кичево.
Селото Ваташа кое е споено со Кавадарци е почисто од градската средина, кога е загадувањето во прашање. Загадувањето е најголемо во новиот дел на градското подрачје, каде има големи згради. Ова се првичните информации од мерењата на трите нови мерни станици за квалитетот на воздухот во Кавадарци. Едната е во Ваташа, другата во строгиот центар на градот и третата на излезот кон Росоман. Имало денови кога било регистрирано и екстремно загадување.
Работните места одземаат животи во Македонија, а состојбата во регионот не е многу поразлична. Оттаму иницијативата на државите од регионот за поактивно справување со причинителите што доведуват до несакани последици на работните места, преку изготвување Регионална студија.