Агендата на чествување предвидува бројни културни настани и содржини: промоции на книги, изложби на фотографии, музички концерти и приредби на институциите што го носат името на патронот.
Сообраќајната полиција минатиот месец на гостиварското подрачје открила и санкционирала 1.053 сообраќајни прекршоци. Во 13 регистрирани сообраќајни несреќи нема загинати и тешко повредени лица.
Директорите на четирите средни училишта во Гостивар и отсекот за превенција при СВР Тетово имаа заеднички состанок на кој се зборуваше за досега преземените мерки, превентивните проекти и прашања од безбедносен карактер.
Љубовта и страста кон автомобилите што започнале во детството прераснале во предизвик да се успее во автомобилската индустрија. На почеток тоа било запознавање со тридимензионална визуализација. По десет години истражувања и „висење“ пред компјутер и голем ентузијазам, еден млад гостиварец доби потврда и подотворена голема врата за влез во светот на автомобилизмот.
– Група граѓани вечерва протестираат пред корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија на улица „Босна и Херцеговина", изразувајќи незадоволство од прекините во снабдувањето со електрична енергија.
Општина Велес прва во Македонија ќе добие План за одржлива урбана мобилност според стандардите на Европската Унија, наведе градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, посочувајќи дека планот претставува комплексна стратегија за развојот на урбанизмот, сообраќајот, енергетската ефикасност и екологијата,а со цел да обезбеди полесен и поубав урбан живот за граѓаните.
Активистите од кавадаречката група „Еко-аларм“ реагираат што се исечени дрва во градскиот парк и бараат од надлежните да ги најдат и казнат виновниците.
Македонскиот гудачки квартет „Вива стрингс“ имаше концертен настап во Кочани, во рамки на програмата „Нов културен бран“, при што се претстави со обработки на популарни рок, соул, фанк, рап и џез теми. Публиката имаше можност да проследи класични пребработки на хитови од АББА, Мајкл Џексон, Стинг, Квин, Ренди Крафорд и Ерик Клептон.
Во рамки на проектот за заштита на животната средина и одржливост, „Дрекслмајер“ во соработка со ЈП Македонски шуми, подружница Кавадарци, како и локалната самоуправа, организираше акација за пошумување, при што беа засадени над 6.000 садници.
Центарот за јавно здравје Куманово, преку советувалиштето за доверливо, анонимно советување и ХИВ тестирање во текот на овој месец ќе организира предавања за средношколците за ХИВ.