Во штипско-карбинскиот регион во тек е откупот на тутун. За само една недела откупени се девет тони тутун, информираат надлежните од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство-Штип.
Општина Гази Баба го ажурираше катастарот на загадувачи. Експерти од друштвото за технолошки и лабораториски испитувања, проектирање и услуги „Технолаб” направиле детална анализа по барање на општината за причините и најголемите загадувачи на нејзината територија.
Поради обилните врнежи од дожд, кои деновиве го зафатија Струшкиот регион дошло до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност, соопшти Центарот за јавно здравје Охрид.
Изградбата на обиколницата од „Борис Крајгер“ до булеварот „Гоце Делчев“ заедно со кружниот тек и улицата „Панче Караѓозов“ што ги поврзува населбите Автокоманда и Сењак се приоритетните проекти за период од 2019 до 2021 година, што ќе влезат во новиот општински буџет.
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, заедно со градоначалникот на општина „Ѓорче Петров“, Александар Наумоски денеска информираа за дел од мерките кои Општината ги презема за почиста животна средина и подобрување на квалитетот на воздухот, согласно со Планот за чист воздух, кој е стратешки приоритет на Владата.
Музејот „Теракота“ од Виница со поддршка од локалната самоуправа го реализираше едногодишниот проект „Еднаквоста во фокусот“ чија цел е поголема вклученост и едуцирање на лицата со посебни потреби.
Во организација на Културно-информативниот центар Романса денеска во Македонска Каменица беше отворена изложба на народни носии од Македонија. Како што информираше Горан Огнановски директорот на КИЦ „Романса“, целта на настанот е претставување на народната носија како главен етно елемент карактеристичен за Македонецот.
Започна украсувањето на куќата на Дедо Мраз во Кавадарци. Се работи за дворот од домот на кавадаречкото семејство Вареловски, кој веќе дваесет и една година по ред околу Нова Година е украсен со најразлични украси, а сопственикот во улога на Дедо Мраз, им дарува подароци на децата посетители од земјава и странство.
Официјално се сменети имињата на училиштата во Дебар, беше соопштено на денешните пригодни програми организирани по повод 28-ми ноември – Денот на незвисноста на Република Албанија и Денот на албанското национално знаме.
Дневниот центар за лица со посебни потреби од Делчево доби мини автобус на електричен погон. Еко минибусот кој е донација од фирмата „Брегал“ е со капацитет од 20 седишта и со едно електрично полнење ќе поминува 80 километри. Како што истакна Александар Николов од Дневниот центар, оваа донација е одличен пример за општествено одговорна фирма која им излегува во пресрет на лицата со хендикеп.