Целта како што истакна Зоран Аговски, директор на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга”, е да запре т.н. кражба на вода, со што најдоцна до 31 декември, дивите корисници на вода ќе имаат можност да станат легални корисници на услугите на претпријатието.
На повеќе локации во Крива Паланка извршено е расчистување на објекти за одведување и пропуштање отпадни води за што се ангажирани пет невработени лица, активни баратели на работа од општината.
Општина Кочани ја намали за половина задолженоста во образованието, при што од наследените 43 милиони денари, долговите се сведени на 20 милиони денари.
Собата, според Дармановиќ, ќе придонесе за натамошно јакнење на врските меѓу двете пријателски држави, чии односи се темелат на отвореност и доверба.
Во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ – Скопје, Институтот за национална историја – Скопје и Универзитетот во Болоња, денеска во Охрид свечено ќе биде отворен 6. Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“.
Прилеп за прв пат в недела, на 25 ноември ќе биде домаќин на меѓународен атлетски полумаратон. Организатор на овој меѓународен настан е атлетско-рекреативниот клуб „Лотус“ од Прилеп, во соработка со општина Прилеп.
Со изведба на соборското оро Копачка пред црквата „Св.Архангел Михаил“ во село Драмче, заврши дводневното одбележување на јубилејот 70 години постоење на групата „Копачка“.
Министерството за правда во соработка со Адвокатската комора, Нотарската комора, Комората на извршители и Комората на медијатори, денеска организира „Денови на бесплатен правен совет“ за граѓаните кои имаат прашања од областа на медијацијата, адвокатурата, нотаријатот и извршувањето, а граѓаните ќе можат да добијат бесплатен правен совет.
„Црногорската соба“ опремена со автентични експонати и предмети што го претставуваат идентитетот, културата и традицијата на Црна Гора денеска ќе биде отворена во ресторан „Виа Игнатиа“ во Вевчани.
Советот на Општина Велес на претстојната 24. седница закажана за понеделник треба повторно да гласа по одлуката за зголемување на цената на водата од ЈКП „Дервен”,односно да даде решение за согласнот на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење за Велес, а истата ќе важи по објавување во Службен гласник на Општина Велес.