Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките места во регионот ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до-2, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Пренесувајќи го партискиот став, Ендрит Фетаху потпретседател на партијата додава дека тоа е уште една потврда дека пописот на населението поминал со многу проблеми.
Организацијата на жени на Општина Велес со подршка од општинскта Комисија за еднакви можности и велешката полиција денеска и вчера имаше средби во некои од средни училишта во Велес каде ги информира за резулатите од спроведеното истражување со средношколците.
На почетокот на следната година би требало да се реализираат завршните активности за доградба и официјално отворање на Граничниот премин „Клепало“, велат од Царинската управа.
Донацијата подразбира 15 интерактивни или сензорни табли и дидактички материјали за децата со посебни потреби и говорни нарушувања кои ја посетуваат Установата.
-Дигитализација на услугите на Општина Охрид и јавните прептијатија е наша цел кон која работиме и се стремиме. До сега на оваа платформа беше возможно да се плаќа само данокот на имот. Продолжуваме со работа во насока на целосна дигитализација на услугите, додава Пецаков.
Во Кичево и Струмица е надминат прагот на аерозагадување бидејќи два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање.
- Општина Битола ја објави новогодишната програма „Зимска приказна“ која ќе почне викендов и ќе заврши на полноќ пред Офицерски дом во овој град.
Раководителот на одделението за образование при Секторот за јавни дејности за Општина Тетово, Валидин Адеми, на прес-конференција побара од Министерството за образование и наука да ги добие назад надлежностите за гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.
Членовите на спортско риболовното здружение „Кочански рибар“ извршија порибување на акумулацијата Гратче, при што во водите на езерото беа пуштени 100 килограми подмладок од крап, како и десетина килограми крупна пастрмка.