Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби „СОС БАЛКАН МЕДИА“ од Охрид во соработка со компанијата „Зегин“ донараше два компјутери технолошки прилагодени за давање специјализирани услуги на лица со оштетен вид и телесен хендикеп.
ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информира дека од почетокот на вакцинацијата против сезонски грип до денес, во регионот од надлежност на Центарот за јавно здравје, вакцинирани се 3.736 лица.
Во чест на денешниот ден на кој во светот се слави младото вино, во земјоделското училиште во Кавадарци беа доделени награди за учениците кои произвеле најдобро вино од годинашното грозје. Средношколците кои го печат занаетот низ теорија и пракса во училиштето, вино произведуваат во домашни услови, заедно со нивните родители. Се оценуваа триесетина мостри на вина, бели и црвени.
Водостопанската подружница “Брегалница“ од Кочани го објави планот за наводнување за 2019 година, при што за околу една третина се зголемени површините што ќе се засеат со ориз.
По пауза од десетина години Националната установа центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево во соработка со локалната самоуправа денеска организираше Саем на стари занаети. На саемот учествуваа занаетчии кои во својата работа не користат современи алатки и машини, туку нивната изработка е рачна, а творат на териоторијата на Делчево и Македонска Каменица.
Земјоделците ќе добијат „зелена нафта“ од почетокот на наредната година. Процесот на нејзино обезбедување се заокружува, а ќе се реализира преку Платежната агенција за да се избегнат секакви злоупотреби.
Постудено време со врнежи од дожд и снег на повисоките места, најавуваат метеролозите за време на викендот.
Под ноемврискиот просек се водостоите на најголем дел од реките во Македонија. Единствено над просекот е нивото на реката Вардар кај Јегуновце и на Брегалница кај Берово.
Влошената состојба со изграденоста на архитектонските бариери за лицата со посебни потреби беше повод Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Гевгелија, во соработка со здруженијата на инвалидските организации на телесните инвалиди, слепи глуви и наглуви лица да побараат општината да ги подобри условите за нивно непречено движење низ градот и полесен пристап до институциите.
Општина Куманово почна со постапка за изработка на стратегијата за локален економски развој на градот која ќе важи од 2019 до 2024 година, информираа денеска надлежните од одделението за локален економски развој на општината.