-Вкупната вредност на проектот со ДДВ беше проценета на 2.200.000 денари, по што на негативната аукција избрана е фирмата ТМЕ, која проектот го реализира за 1.700.000 денари, вели Анастасов.
Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски изврши увид на текот и динамиката на акцијата за чистење на каналите од каналската мрежа во Пелагонија и подрачјето кое е во надлежност на локалната самоуправа.
Земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 километри западно од Скопјe, во Република Црна Гора, е регистриран денеска во 14 часот и 47 минути.
Попладнево почувствуван е земјотрес во поширокиот дебарски регион,кој предизвика вонземиреност кај жителите, посебно кај оние кои живеат на повиските катови на стамбени згради. Потресот беше почувствуван во 14:47 часот.
Од утре општина Куманово почнува со примена на методата на аеросолизација, секторот за инспекциски надзор ќе дежура во втора смена, одговорните ќе работат и во саботите и неделите и ќе ги казнуваат несовесните граѓани кои на различни начини придонесуваат за зголемување на аерозагадувањето.
Музејот „Теракота“ од Виница ги почна археолошките истражувања на локалитетот Кременик во атарот на селото Драгобрашта, кој според првично откриените предмети и украсна керамика припаѓа на период од енеолитот, односно од петтиот милениум пред нашата ера.
Локалната самоуправа на Кочани обезбеди над 30,5 милиони денари за реализација на проектот „Планински велосипедски рај“ што ќе се реализира на Осоговските Планини.
Во 14:45 часот нормализиран е сообраќајот на регионалниот пат Штип-Радовиш, кај „Пиљав Тепе“, соопшти АМСМ.
Од 14:15 часот во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Штип-Радовиш, кај „Пиљав Тепе“ во двата правца.
Одлуката беше ставена како дополнителна точка на дневниот ред на денешната седнциа на барање на градоначалникот на општината Абен Таравари. По кусото образложение, предлог одлуката едногласно беше поддржана од сите членови на советот. Семејството Меџити ќе добие 300 илјади денари од општинскиот буџет.