На терен е механизација со плуг за расчистување а кашестиот снег.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Тетово, Попова Шапка, Маврово и Дебар.
Без снег, со сончеви периоди и температури од -4 до 4 степени, најавува за денешниот ден Управата за хидрометеоролошки работи.
Општините потрошија илјадници евра за набавка на опрема и сол, и да не забораваат дека треба да ги употребат.
Од 21:00 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар во близина на манастирот „Св.Јован Бигорски“, кој поради свлечиште беше во прекин, е нормализиран, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Координативното тело на кинолошки одгледувачи бара да биде активен учесник во менување и дополнување на Законот за заштита на благосостојба на животните по неколку точки во измената на законот, за кои сметаат дека воопшто не се остварливи.
Сите улици и патишта во Кавадарци и Росоман се проодни по интензивните врнежи од снег. Снежната покривка во Кавадарци, во градот е значително помала, споредено со ридско планинскиот дел каде има снежни наноси и до 1,5 метар.
Кавадарчани ги оставаат чешмите да течат за да не замрзне водата во цевките во зимски услови и минусни температури, засега благо е зголемена потрошувачката на вода за пиење во Кавадарци.
Од 19:15 часот сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, во близина на манастирот „Св.Јован Бигорски“, се одвива наизменично по една коловозна лента, информираат од ЈП „Македонија пат“.