И годинава како и претходните во последната деценија се намалуваат приносите на мед во кумановскиот регион, констатираат пчеларите.
-Ние не можеме да ги трпиме последиците од некое несовесно или профитерско размислување на некаква компанија независно дали е приватна, државна или било каква, изјави Димитар Зарчев, жител на Охрид
Од денеска, како што најави ЕВН, напојувањето на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина напојување ќе има само од страна на Удово.
Во просториите на основното музичко училиште ,,Васо Карајанов" во Гевгелија денеска се собраа некогашните и сегашни ученици на средба со своите професори да го прослават јубилејот 40 години од постоењето на училиштето кое дејноста ја почнало на 1 ноември 1978 година.
Општина Пробиштип ќе биде првата општина во источниот регион, која ќе ги менува навиките на граѓаните и од ѓубрето ќе прави компост. Проектот „Био отпад“ е финансиран од Европската Унија и е вреден 277.000 евра, кој треба да овозможи технички услови за копмостирање на органскиот отпад.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопансто Љупчо Николовски денеска со својот тим од министерството, на блок за житарици во атарот на село Сарамзалино врачи десетина договори на индивидуални земјоделци од светиниколскиот регион.
Честитајќи им го денот на ослободувањето на градот на прилепчани, градоначалникот Илија Јованоски рече дека борците се изборија за оваа слобода која треба да ја чуваме.
Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ синоќа членовите на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп ги претставија своите дела на традиционалната годишна изложба.
Недостатокот од лекари во штипската Клиничка болница ќе се реши делумно со новите вработувања на лекари. Директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев вели дека засега ситуацијата со лекарите специјалисти во болницата е добра и се покриени сите одделенија. Направена е и анализа на кои одделенија во болницата во наредните години ќе недостигаат специјалисти.
Како што истакна Билјана Симовска, директорка на Општинската јавна установа детска градинка „Весели Цветови", претходно е направено долгорочно планирање и распоред на вработените за децата кои доаѓаат на престој во сабота да бидат згрижувани и воспитувани како и останатите работни денови.