Сите ние секојдневно и директно учествуваме и сме дел од сообраќајот. Сведочиме за голем број негативни примери на непрописно и опасно учество во сообраќајот, непочитување на сообраќајните правила и прописи, непочитување на поставената сообраќајна сигнализација, ниско ниво на култура, етика, толеранција и ниско ниво на меѓусебно почитување кај учесниците во сообраќајот.
Освоените награди на натпреварот „Атлета на Македонија“ и светскиот „Дајмонд Куп“ беа причина беровскиот титан Васко Мамучевски да биде награден од општината со 10 илјади денари, како подршка на поединци кои посебно се истакнале во областа на спортот.
Само патоказот поставен во центарот на селото Моноспитово може да им го покаже патот на намерниците кон последното мочуриште во Македонија, Моноспитовското Блато.
Здружението за одржлив развој „Сфера Македонија“ од Битола заедно со партнерски организации денеска го претстави проектот „Дизајнирај ја твојата работа“, финансиран од програмата Еразмус плус на ЕУ за Западен Балкан.
Старата дотраена кујна на болницата во Велес, што трета година не функционира, ќе се продава на јавна аукција преку електронскиот систем на Министерството за финансии за што претходно е добиена согласност од Владата, информираат од ЈЗУ Општа болница – Велес.
Во Општа болница Велес склучени се договори за вработување на неопределено време на осум лекари од кои, пет се по општа медицина.
Ургентен центар од денеска функционира во рамки на Општата болница во Кавадарци. Станува збор за нова организациона единица при болницата.
Бигорската свештена обител на дар доби две уметнички слики, приказ на бигорското ќелијно училиште од почетокот на XIX век и портрет на многу значјниот дебарски владика Козма Пречистански (1836 – 1916), роден во с. Орланци, Кичевско.
Уште на првиот ден од почетокот со вакцинација против сезонски грип, во Дебар се забележува голем интерес кај граѓаните.
Почнуваат активностите за номинацијата на Лесново за Геопарк, кој треба да биде ставен на листата и под заштита на УНЕСКО. Директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева вели дека утре во Пробиштип доаѓаат експертите од Геопарковите во Хрватска и Романија, кои на работната група од Македонија ќе и ги пренесат своите искуства за постапката и се што треба ад се направи, кога ќе се достави номинацијата за Лесново.