Со определување на опсегот на цени за водни услуги во девет општини, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница ја почна серијата на подготвителни седници со кои во наредните три недели се очекува да се определи опсегот на цени за 37 македонски општини со помалку од 10 илјади жители.
Изгужваните билборди кои беа поставени на улиците во Скопје, флаерите кои беа поделени во локалите во главниот град и банерите со пораки на Веб порталите, го привлекоа вниманието на граѓаните и ја најавија новата кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата „Без изговори!“.
Ветрот и вечерва се уште носи црн чад и неподнослива мизирба кон градот од пожарот што попладнево околу 15:30 часот избувна во непосредна близина на Градската комунална депонија за смет. Опожарени се сува трева и грмушки.
Во хотел „Капри“ во Битола, денеска ќе започне првиот од трите дводневни настани за вмрежување, наменети за граѓанските организации и креаторите на младински политики на тема „Младите и образовните политики“.
Четириесет и пет лица од Неготино и Демир Капија аплицирале за грант за млади земјоделци, во висина до 600 илјади денари неповратни средства.
Познатиот чешки шампион во спортско качување, Адам Ондра, беше во посета на македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир и манастирот „Свети Ѓеорѓиј Победоносец“ во село Рајчица.
Oпштина Куманово во партнерство со Програмата за развој на обединетите нации УНДП, објави јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во западен Балкан (ReLOaD). Програмата е финансирана од Европската унија и ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји од Западен Балкан.
Во велешкото село Горно Оризаре, денеска ќе се одржи прес-конференција во врска со завршувањето на јавниот повик за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за млади земјоделци.
Единаесетте општини од Источниот плански регион почнаа постапка за ликвидација на меѓуопштинското јавно претпријатие за управување со отпад „Депонија исток“ со седиште во Штип.
Секој трет ден, 67-годишниот часовничар Димитар Чучуроски е пред Саат-кулата во Прилеп. Ја отклучува и полека, внимателно, ги искачува тесните скалила, до врвот.