Шест до седум килограми мед по кошница во просек добија годинава пчеларите од кочанскиот регион, со што оценуваат дека сезоната е многу подобра во споредба со лани. Со остварените приноси ќе се задоволи побарувачката на домашникот пазар, а со цената од 400 денари, што ја сметаат за прифатлива за купувачите, ќе можат да се покријат поголем дел од производните трошоци.
Охрид како наша најпозната и најатрактивна туристичка дестинација тешко може да се носи со таквите епитети со постојната гастрономска понуда. Рестораните низ градот речиси без исклучок со застарени менија, со идентична понуда на јадења кои од објект до објект се разликуваат само по името, најчесто храна неспоива со традиционалната македонска кујна на која толку многу се повикуваме и со која премногу се фалиме.
Вештачкото езеро што пред десетина години се формира во една од депресиите на поранешниот рудник за јаглен Осломеј, со површина од над 30.000 метри квадратни и со максимална длабочина до 15 метри, денеска првпат се порибуваше со крап во текот на овој викенд.
Претставници на ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и на компанијата „ЛТХ-Леарница“ од Охрид беа на студиска посета во Германија, со цел непосредно да се запознаат со начинот на организирање и спроведување на дуалното образование.
Градежните работи на пругата Битола-Кременица се очекува да завршат до крајот на годинава, согласно податоците на изведувачот. Досега 90 проценти од градежните работи се веќе завршени.
Есенската сеидба во поширокиот кумановски регион започна, но се одвива отежнато поради недоволната влажност на почвата, информираа стручните служби од подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопнаство и шумарство. Оттаму појаснуваат дека најавените врнежи од дожд ќе ја подобрат влажноста на почвата и ќе овозможат полесна обработка на земјоделските површини.
Близу 60 млади од Македонија од општините Делчево, Пехчево, Берово, Македонска Каменица и Виница учествуваат на дводневната образовна екскурзија која се реализира во Благоевград, соседна Бугарија.
Во школската сала од ОУ „Григор Прличев“, во недела со почеток во 19 часот ќе се организира хуманитарен маскенбал по повод „Halloween“ за учениците од осмо и деветто одделение и за средношколци од прва и втора година. Влезот е 100 денари и собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на Сара Настеска.
Не постои универзален, општоприменлив, уште помалку идеален модел на одржливост односно самофинансирање на дигиталните медиуми денес.
Градоначалникот на Велес Аце Коцевски денеска на прес-конференција информира дека во „Паркот на пријателството – Каршијака“ во Велес наскоро ќе биде поставен споменикот на Кемал Ататур, кој пет години е во Пожарната станица.