Нивото на реката Вардар кај Јегуновце е двојно пониско од просекот за октомври, покажуваат денешните хидролошки мерења на УХМР.
Врвни светски готвачи повторно ќе се сретнат во Македонија, а поводот е стартот на Третиот меѓународен гастрономски натпревар - ГастроМак Македонија 2018, којшто се одржува од денеска до 12 октомври во Струмица, а традиционален домаќин повторно ќе биде Хотелот Вила Парк.
Клубот на млади при Црвениот крст во Делчево по повод Неделата на млади организираше хуманитарна акција за собирање средства за лица од семејства во социјален ризик.
На вкупно пет ловишта во делчевско денеска официјално почна сезоната на крупен дивеч. Ловџиите од делчевскиот регион посакуваат и годинава да им се повтори претходната ловна сезона, која беше богата со дивеч и кога беше отстрелан див вепар капиталец од над 180 килограми.
Комисијата за проценка на штети од невремето што го зафати Радовиш на 19 јуни годинава процени штета од 1,5 милиони евра.
Алвата е вид десерт. Можеби меѓу најстарите на ова поднебје. Останала од нашите прабаби и прадедовци. Често се приготвува и денес, особено во селата. Традиционалниот рецепт е доста едноставен, само со неколку состојки, но мора да си мајстор за да го доловиш добро познатиот вкус.
Со замената на последните сто и десет метри од азбестната водоводна мрежа во општина Македонска Каменица заврши процесот на отстранување на канцерогените цевки на целата територија од градот.
Контејнери за примарна селекција на отпад на петнаесет локации во централното градско подрачје ќе постави Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово.
Невработеноста, инфраструктурата, домувањето и неплатени сметки за вода се најчестите проблеми со кои се соочува ромската популација во Берово. Ова се главните заклучоци од средбата која претставници од програмата Сонце ја имаа со градоначалникот на Општина Берово како и претставници на институциите од општината, Локалната акциска група и работната група формирана од ромската заедница.
Пазарџиите во Ресен денеска своите производи ги продаваат на улица, на магистралниот пат Охрид – Битола, поради не продолжување на договорот за закуп на сопственикот на објектот со Јавното комунално претпријатие „Пролетер“.