По повод големиот христијански празник, Рождество на Пресвета Богородица, во познатиот манастир „Света Пречиста Кичевска“ чиј патрон е Мајката божја, со монашки постриг беа благословени две искушенички од монашкото сестринство.
Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност, денеска во Гевгелија се одржа манифестацијата „Ден без автомобили“ со дефиле на велосипедисти. Поголемиот дел од учесниците беа ученици од двете основни училишта во градот на кои им се приклучија и граѓани од општината.
Во тек се работни акции за чистење на градот Берово. Во последната активност што се спроведува со вработените во АД „Водостопанство“ се врши чистење на потоците на територија на оваа општина. Вработените активно се вклучија во помагање на фирмата што е ангажирана за чистење на Ормански поток и потoкот Манакија.
Под мотото „Немаш уште еден живот, научи прва помош“, Црвениот крст на Република Македонија денеска на градскиот плоштад во Кичево го организира 27-от Државен натпревар по прва помош.
Како што царот на Струмичкиот карневал секоја година објавува дека може да почне карневалот, така, неофицијално, на почетокот на септември низ струмичките дворови чадот од печките за печење пиперки и мирисот на пржениот ајвар ја најавуваат сезоната на подготовка на струмичкиот кавијар.
Преку 100 килограми грав и 100 килограми домашна алва ќе се подготвуваат денеска во селото Теарце на манифестацијата 9. Денови на гравот.
Берово отсекогаш бил град во кој турзимот е гранка на која секогаш се посветувало огромно внимание, било да се работи за планински, угостителски, рекреативен или бил каков друг вид на туризам кој и носи бенефит на општината.
Со сечење на џиновската пастрмајлија почна 12. издание на штипската „Пастрамјлијада“. На свеченото отворње присуствуваа и евроамабсадорот Самуел Жбогар и вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шеќеринска.
Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска, како шеф на македонската делегација, престојува во Подгорица, на министерската конференција „Наследство за иднината".
Граѓани и екологисти реагираат за несоодветно кастрење на дрвцата помеѓу двете ленти на автопатот од Неготино до Стоби.