Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска денеска е во посета на рударската Општина Пробиштип, каде што истакна дека денеска на седница на Влада се носат и измените на законот, со кои рударите со бенефициран стаж ќе одат порано во пензија.
Започнува постапката за изградба на првиот пешачки мост во Делчево. Договорот за изградба на мостот кој ќе биде изработен од челична конструкција, денеска го потпишаа градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски и директорот на Центарот за развој на Источно-плански регион Драгица Здравева.
Дури 40 проценти од вкупниот буџет на Европската унија за периодот 2021-2027 година е наменет за секторот земјоделство, а од ИПА програмата за 2019-та година за Македонија се одвоени 15 милиони евра.
Без јавна дебата не е возможно да се реализира барањето на кавадаречка компанија за инвестиција во ладна валалница во Кавадарци, рече заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
Со донација од 80 илјади долари на „Филип Морис ТКП“, прилепското средно електромашинско училиште „Ристе Ристески – Ричко“ доби нова најсовремена опрема за изведување практична настава, како и целосно реновирање на просториите каде се врши практичната настава за потребите на овој образовен профил, соопштија од прилепската компанија.
Со свечена седница и положување цвеќе пред спомениците на паднатите борци во Преспа, Општина Ресен денеска одбележува 74 години од ослободувањето на градот и 27 години независност на Република Македонија.
- За брзо време се очекува да почне постапката за работа на депонијата Русино. На последниот состанок што го имав со градоначалничката на Тетово Теута Арифи ме увери дека на крајот на септември веќе ќе ја почнат тендерската постапка за да почне со работа депонијата Русино, рече министерот Фазлиу.
Четириесеттина деца од земјите од поранешна Југославија кои се излекувале од рак ќе учествуваат на првата регионална конференција „Имам една желба“ што утре и задутре ќе се одржува во Струга во организација на здружението „Сано“.
На спомен костурницата над Струмица денеска со пригодна свеченост беа одбележани 74 години од ослободувањето на градот.
Во Делчево досега од европските фондови, само во општинските институции, влегле околу два милиони евра. Со овие средства се решени многу инфраструктурни проблеми, се осовременија условите за работа на наставниците и учениците, се надградија човечките капацитети.