Исмаил Ѓул и Демир Алиев се двајца другари, родени во делчевски Стар Истевник, а живеат во Истанбул, Турција. Летово, поточно првите две недели од август, двајцата турски државјани со македонски корени, дојдоа во посета на родниот крај.
Штипските основни училишта се подготвуваат за почетокот на новата учебна 2018-2019 година. Во Општинското Основно училиште (ООУ) „Димитар Влахов“-Штип во тек се градежни зафати, односно се реконструира подот и училниците.
Конкурсот ќе трае до 9 септември, а најуспешните ќе добијат признанија на традиционалната свеченост на која Министерството за економија го одбележува Светскиот ден на туризмот – 27 септември.
Во Струмица од поднесени околу 12 илјади барања за легализација на бесправно изградени објекти комплетирани се 6.514 предмети. По нив за 3.500 се издадени урбанистиччки согласности и пресметки за надоместок, а за 3.100 веќе има издадено решенија за легализација, информираат од Одделението за урбанизам при општина Струмица.
Средните и основните училишта чиј основач е општина Битола имаат вкупни долгови од над 285 милиони денари (околу 4,6 милиони евра), а од нив 122,8 милиони денари се долгови кон надворешни доверители, вршители на разни услуги за училиштата.
Кавадарци има многу можности за еко туризам, во комбинација со грозјето, ракијата и виното, изјави денеска холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп по средбата со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Општина Крива Паланка го објави Конкурсот за субвенциониран превоз на студенти за студиската 2018/2019 година кои студираат на државните универзитети во Скопје и Штип, а се жители на Крива Паланка.
Точно 207.020 денари беа собрани на хуманитарниот настан за помош во лекувањето на охриѓанката Јана Арсовска, која храбро се соочува со уште еден голем предизвик во својот живот и во моментов се наоѓа на лекување во Германија.
Во Берово денеска започна изградбата на зелен пазар. Вредноста на инвестицијата изнесува 12.468.650 денари, од кои околу 135 илјади евра се грант од Светска банка, а останатите се буџетско учество од општина Берово.
Во периодот од 23 до 28 август 2018 година поради претстојните културни настани во рамки на манифестацијата „Кривопаланечко културно лето“, ќе има посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје на Крива Паланка.