Сообраќајот на патниот правец Ресен-Битола кај местото викано Стара Слога, од 14 часот, е блокиран во двата правци.
Иселениците од делчевската населба Стар Расадник синоќа се собраа на уште една заедничка целовечерна дружба. Дури 85 семејства кои постојано или привремено работат во странство го одбележаа овогодишното доаѓање во родниот крај.
На граничниот премин Богородица од македонска страна за излез се чека од 40 до 60 минути, додека на Табановце од половина час до 45 минути.
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска во Тетово се сретна со градоначалничката на таа општина Теута Арифи, со која разговараа за теми поврзани со продлабочување на соработката, за проектите кои се во тек во општина Тетово, за рамномерниот развој на оваа општина, како и за регионалната депонија „Русино“.
Во општина Пехчево во тек е огласот за вклучување на невработени лица во програмата „Општинско корисна работа“. Програмата се спроведува како дел од активните владини мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, финансирани од буџетот на Агенцијата за вработување.
Делегација од општина Крива Паланка предводена од градоначалникот, Борјанчо Мицевски е во официјална посета на збратимената општина Лугож, Романија.
- Временските прилики или неприлики си го прават своето и опасноста од појава на вакви пожари е значително поизразена. Јас би апелирал до нашите сограѓани, пред се до земјоделците и оние кои се движат низ шума, да внимаваат каде фрлаат отпушоци и да не ги палат стрништата, вели Атанасов.
Нарушувањата од областа на јавниот ред и мир на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце во првото полугодие од годинава се зголемени за 65 отсто споредено со истиот период лани.
Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија обезбеди близу 87 милиони денари за реконструкција на дел од регионалниот патен правец од планинскиот рекреативен центар Пониква на Осогово до Кочани.
Веселиот детски џагор и насмевката на нивните лица во детското одмаралиште „Мајски цвет“ во Струга кажуваат доволно како околу 160 дечиња од семејства со социјален ризик или корисници на посебен додаток го поминуваат седумдневниот летен одмор на струшкото крајбрежје.