Производители на сливи од Радовиш незадоволни од ниските откупни цени денес го блокираа патот Радовиш-Струмица. Велат дека целосно е запрен откупот на сливите на откупните пунктови во селата.
Родители, полицајци, советници во Општина Кисела Вода и градоначалникот Филип Темелковски вчера беа во обиколка на повеќе локации низ општината каде има собирање на младите во доцните часови и на места каде што има евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир и зачестени кривични дела.
Членовите од Советот на млади на Општина Штип и студентите од Велико Трново од Република Бугарија денеска низ централното градско подрачје на Штип делеа информативен материјал за можностите, кои ги нуди Европската унија на младите.
Заврши тендерската постапка за пријавување на градежните компании за изградба на новата детска градинка во штипската населба „Сењак“.
Мобилна екипа составена од неколку волонтери кои се дел од работата на Општинската организација на Црвениот крст од Делчево со превентивни теренски активности, денес делеа шишиња со вода во насока на заштита на населението од топлото време.
Активни се четири огласи за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопстевност со вкупна површина од над четири илјади хектари, изјави на прес-конференција Соња Трпчевска-Јанковска, портпарол на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Печалбарите во Кичевско кои доаѓаат во својот роден крај во летниот период придонесуваат за зголемување на прометот во угостителските објекти. Се проценува дека во периодот додека престојуваат се прават и до 500 свадби и други семејни веселби.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини Табановце и Богородица, за излез од државата се чека околу 15-30 минути.
Со концерт на Камерниот оркестар на Битола синоќа во Струмица беа отворени музичките вечери на седмото издание на Струмица опен фестивал.
Овоштари од Росоманско попладнево изразија вознемиреност по најавата на рускиот регулатор за безбедност на храна дека од 15 август ќе воведе забрана за привремен увоз на некои коскести плодови од Македонија и Србија поради загриженост за безбедноста.