Сообраќајот на патот Велес - Штип попладнево се одвива наизменично поради сообраќајната несреќа кај село Мамутчево, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Силното невреме што денеска го зафати Прилеп проследено со пороен дожд и град им направи огромни штети на земјоделските култури.
Набавена е специјализирана опрема за спасување на вода и планина во рамки на проектот „Охридско Езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“ што ќе биде промовиран денеска во Охрид.
Над 20 интервенции за гаснење пожари имале припадниците на Територијалната противпожарна единица од Кочани само во текот на месецов, а зголемен интензитет е регистриран во изминатиот викенд, со што за една петина е надминат месечниот просек.
Бербата на боровинки во националниот парк „Пелистер“ ќе почне на 28 јули. Вака одлучи ЈУ Национален парк „Пелистер“ - Битола во договор со претставници на фирми кои се занимаваат со откуп на боровинка и други шумски производи.
Екипи на ЈП „Комуналец“-Битола со поддршка на механизација од РЕК Битола го изгаснаа пожарот што избувна во комуналната депонија „Мегленци“, лоцирана во непосредна близина на рударско-енергетскиот комбинат.
Силно невреме проследено со ветер, обилен дожд, град и електрични празнења го зафати дебарско-реканскиот крај и подрачјето на Жупа.
Министерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на автобуски линии за 2018 година со која за меѓуопштински превоз на патници одобрени се 12 апликации, една е делумно одобрена, а 13 се одбиени. За меѓународен превоз на патници, пак, се одобрени 35 апликации, три се делумно одобрени, а 27 се одбиени.
Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков истакна дека во законскиот рок Уставниот суд ќе ги добие од општина Гевгелија одлуките за распишување реферндум од 15 март 2017 година, резултатите од референдумот одржан на 23 април 2017 година на кој речиси 99 отсто од излезените граѓани гласаа против отворање рудници, како и мислењето во врска со поднесената иницијатива.
За поголема безбедност на капачите во водите на Охридското Езеро, концесионерите на струшките плажи имаат изнајмено спасители на вода.