Во земјава се бараат сезонски работници за берба на јаболка, грозје и аронија и друго овошје во Ресен, Преспа, Берово и Кавадарци.
Здружението на слепи лица-Штип, кое ги покрива и општините Радовиш, Пробиштип, Карбинци и Конче оствари средба со заменик-менаџерот на рудникот „Бучим“ во Радовиш.
Поради неповолните временски услови кои го погодија родот, прилепските тутунари од Министерството за земјоделство очекуваат соодветни мерки, а од компаниите да не го откупуваат тутунот „туку така“.
Преспанските земјоделци денеска во Царев Двор беа запознаени со предностите од формирањето земјоделски задруги со цел подобрување на конкурентноста во македонското земјоделство.
За една третина се намалуваат расходите што локалната самоуправа на Кочани ќе ги плати за бесплатниот превоз на учениците во претстојната учебна година.
Со проекција на хрватскиот филм, „Осмиот комесар” на која ќе присуствува и режисерот Иван Салај, вечерва на плажата „Оревче“ на брегот на Охридското Езеро ќе биде отворено првото издание на „Бич филм-фестивал“.
Министерството за труд и социјална политика, УНИЦЕФ и Центарот за социјални работи Куманово, СОС Детско село денеска ја промовираа кампањата „На секое дете му треба му треба семејство“ која има за цел да ги поттикне граѓаните да згрижат деца без родителска грижа и да им понудат родителска грижа и среќно детство.
Синдикатот на „Југохром“ ги оценува обвинувањата од здружението „Еко герила“ како тенденциозни и неточни и бара да му се овозможи на комбинатот да почне со работа, а паралелно со тоа да продолжи инсталацијата на системот за отпрашување.
Гостиварецот Јетмир К. има 37 години, нема „в“ од возачка дозвола, ама тоа досега не го спречувало да седне зад воланот на своето „ауди 4“. Нема положено возачкиот испит и нема дозвола за „Б“ категорија, што треба да ја поседува за да управува автомобил.
Петнаесетина настани од различни жанрови, музички перформанси, концерти, филмски проекции, уметнички изложби, фолкорен и рок фестивал, се само дел од богатата програма на „Кривопаланечко културно лето 2018".